Страхиња Милиќ: Јас навивам за браќата Македонци
Голманот на ракометниот клуб Вардар и на српската реперезентација, Страхиња Милиќ, очекува Македонија да се пласира во вториот круг на ракометното првенство во Данска. Тој признава дека е голем навивач на Македонија.
- Се надевам дека ќе успеат да поминат во вториот круг, тие се соочија со многу проблеми откако им се повредија Наумче Мојсовски и Филил Лазаров. Тешко е сето тоа да се вклопи, бидејќи располагаат и со нов тренер. Се надевам дека ќе победат, јас навивам за браќата Македонци, – изјавил Милиќ во интервјуто за „Балкан-Хендбал“
15.01.2014 - 23:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа