ВИДЕО: Чочек од Ферус ечи во салата во Данска

 

Организаторите на натпреварите од Европското првенство во ракомет во Данска, се чини добро си ја завршиле својата домашна работа и воочиле чии навивачи се хит на секое првенство. Имено, откако македонската фаланга ги освојуваше салите секаде каде што се појавуваа нашите кошаркари, а во овој случај ракометари, данците решија да ги расположат со малку македонска музика. Така, на полувремето од вчерашниот натпревар на Македонија против Чешка во салата ечеше Дада Сали чочекот од нашата легенда Ферус - кој ги расположи сите присутни, а се чини ги мотивираше и нашите јунаци кои во второто полувреме ја стигнаа негативата и на крај успеаа да стигнат до првиот бод на ова првенство.

15.01.2014 - 21:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега