Актерот Жерар Депардје основа своја авиокомпанија

 

Францускиот актер Жерар Депардје основа своја авиокомпанија во која има само еден авион од бизнис класата, кој е во негова лична сопственост.

Актерот ја нарече авиокомпанијата „Сиран ер“ (Cyran R) во чест на францускиот поет сирано де Бержерак, кого го глумеше во истоимениот филм.

Депардје планира да го изнајмува авионот секогаш кога нема да го користи за свои потреби. Авионот ќе биде сместен на аеродромот во францускиот град Лил, во непосредна близина на белгиската општина Естапмиу, каде во селото Нешен, Депардје има куќа.

Токму на таа адреса тој и ја регистрирал својата авиокомпанија.

15.01.2014 - 18:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега