Жељко се извини: Македонски е мајчиниот јазик на Даниел Кајмаковски
Жељко Јоксимовиќ, менторот на Даниел Кајмакоски вчера направи грешка откако изјави дека нашиот натпреварувач пеел на мајчин јазик.
Даниел во второто финале на Икс Фактор ја пееше песната на Тоше Проески „Чија си “ на српски јазик.
Откако водителката Снеже Велков го поправи, тој се извини и признал дека згрешил.
- Згрешив, Даниел пееше на српски јазик, но допрва ќе пее на македонски. Следниот пат повеќе коментирајте за тоа како пее, а помалку ловете ги нашите грешки, изјави пејачот.
15.01.2014 - 18:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа