Швајцарија: Се укинува социјалната помош за граѓаните од ЕУ

Владата во Швајцарија како мерка за борбата со злоупотребите реши да ја укине социјалната помош за граѓаните од Европската унија кои бараат работа во државата.

Како што соопшти Службата за имиграција освен граѓани на ЕУ, правото на социјална помош при барање работа во Швајцарија им е укинато и на граѓани на Европската асоцијација за слободна трговија Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Швајцарските власти одлучија да преземат такви мерки бидејќи „станува нејасно зошто да се дава помош и решение за престој особено на лица кои дошле во Швајцарија да бараат работа или лица кои останале без работа за време на престој во Швајцарија“.

Во 2012 година над 250.000 луѓе, од кои речиси една третина под 18 години добиле социјална помош во Швајцарија што е шест отсто повеќе отколку во претходната година.

15.01.2014 - 18:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа