Утре магла и дожд

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно. Во утринските часови во југоисточните делови се уште ќе има слаби локални врнежи од дожд, а по одделни котлини ќе има и појава на магла. Ќе дува слаб наместа умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и магливо. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до шест степени. 

15.01.2014 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега