По синоќешната повреда Стојчевски се враќа во Македонија

Дека Никола Стојчески нема да биде во можност да настапи против Австрија, можеше да се забележи уште по синоќешниот меч со Чешка, откако левиот бек на Македонија, се здоби со повреда на препоните. Утринските лекарски прегледи утврдија дека дефинитивно мечот со Австрија ќе го играме без ресенчанецот. 

Добро за тимот е тоа што во игра останува Филип Миркуловски, кои ќе му биде на располагање на Ивица Обрван. 

Последните информации кои доаѓаат од Данска велта дека ЕП за Стојчевски е завршено, бидејќи за него следи пауза од најмалку две недели.

„Станува збор за проблем со препоните, поради што следи пауза од најмалку две седмици. Ова практично значи дека нема да можеме да сметаме на Стојчевски до крајот на шампионатот“ – изјави за ЕКИПА Доктор Никола Панчевски.

Ова е уште еден хендикеп за селекторот Ивица Обрван. По повредите на Наумче Мојсоски и Филип Лазаров, Македонија останува без уште една алтернатива на левата бековска позиција.

15.01.2014 - 16:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега