Кипар: Уапсен еден од најголемите британски „даночни бегалци“
Британецот Мајкл Вудури кој е еден од најбараните британски „даночни бегалци“ е уапсен во северните делови на Кипар, откако беше откриено дека ги прекршил имиграциските прописи. Вудури беше сослушан од судот во Никозија, но засега против него нема подигнато обвинување.
Овој 46-годишен бизнисмен тајно има префрлено од Велика Британија во странство над десет милиони фунти, користејќи ги услугите на разни кипарски, грчки и швајцарски банки.
Вишиот суд во Глазгов во 2012 година го прогласи за виновен Вудури за измами со данокот за додадена вредност и за перење пари, но не му изрече казна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа