Доктор се преправил во бездомник за да ги лечи болните бездомници

 

Во Питсбург е наречен ''уличен лекар''. Неговата клиника е ранецот, а болните бездомници ги лечи онаму каде што живеат.

Речиси 22 години докторот Џим Витхерс, живее под мостови и напуштени куќи, и бесплатно ги лечи болните бездомници кои лутаат низ градот.

Неговиот добар гест сега стана вистински интернет хит и студентите по медицина и волонтерите, ќе им помогнат на бездомниците пет дена во неделата.

“Прво нешто кое ми падна на памет беше огромниот број на бездомниците, кога почнав да ги лекувам сватив дека многумина од нив живеат со разни повреди а некои од нив боледуваат и од рак ” вели Витхерс.

Тој оваа мисија ја започнал во 1992 година додека во локалната болница работел како специјалист.

15.01.2014 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега