Запленетата облека од царината доделена на 80 социјални семејства
Облека, обувки и останата запленета роба од страна на македонската царина, беше поделена на осумдесет семејства од социјално ранливите категории од Куманово, Липково и Старо Нагоричане.
Запленетата роба која царината ја има запленето, а потоа и отстапено на Агенцијата за управување со одземен имот заврши во домовите на различни групи социјално ранливи категории, соопштија од кумановскиот Центар за социјални работи.
- Зависно од потребите, предметите се донирани на корисници на социјална парична помош, кои се наоѓаат во висок социјален ризик, вели директорот на кумановскиот центар, Даниел Живачки.
Согласно најавите на министерството акцијата ќе продолжи и во наредниот период. - Во наредниот период со оваа акција ќе бидат опфатени социјално ранливите категории кои досега не добиле ваква донација од оваа акција, додаде Живачки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа