Груевски: Извештајот од „Херитиџ“ ќе овозможи нови странски инвестиции

Премиерот Никола Груевски денеска по посетата на "Суташ" изјави дека извештајот од  „Херитиџ“ е одлична вест за Македонија која ќе овозможи уште повеќе нови странски инвестиции.

- Тоа  е највисоко место на нашата земја досега на оваа листа. Од десет индикатори, Македонија има напредок во девет. Најсериозен прогрес има во контролата на јавните финансии, слобода на трговијата и на бизнисот. Тоа е одличен сигнал, што сме убедливо први во регионот, следната земја е многу места зад нас. Подобри сме од просекот во првата половина на земјите од цела Европа. Веста е одлична и зашто многу инвеститори го следат овој индекс што ќе придонесе покомотно да се чувствуваат кога размислуваат да инвестираат кај нас, нагласи Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на млекарницата „Суташ“.

Груевски додаде дека целта на Владата е да се направи добар амбиент за сите индекси на економијата и Македонија да оди напред не само во регионот, туку и во цела Европа.

15.01.2014 - 13:45
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега