Роберт Гејтс: Проширувањето на НАТО беше погрешна политика

Роберт Гејтс или поранешниот американски секретар за одбрана во периодот од 2006 до 2011 во својата книга „Duty: Memoirs of a Secretary at War“ истакнува дека проширувањето на НАТО по распадот на Советскиот Сојуз било погрешна политика.

Тој наведува дека брзиот прием на поранешните советски сателити - балтичките држави, Унгарија, Полска, Чешка и Словачка во НАТО било грешла и според него тој процес требал да се одвива побавно.

“Американскиот договор со владите на Романија и на Бугарија за ротирање на војниците во базите беше непотребна провокација. Обидот да се поканат Грузија и Украина во НАТО беше исфорсиран. Подготвени ли беа Европејците, а да не зборувам за Американците, да ги испратат своите синови и ќерки да ги штитат Грузија и Украина”, истакнува Гејтс.

Тој посочува дека „проширувањето на НАТО не бил обмислен воен ангжаман туку политички акт, за да им се наштети на руските национални интереси.

Гејтс во книгата ја критикува и политиката на претседателот на САД, Барак Обама во Авганистан.

15.01.2014 - 13:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега