Си пазареле со фалсификувани пари - кривични за девет скопјани

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во текот на изминатите денови до Скопското јавно обвинителство поднесе кривични пријави против девет лица за сторени кривични дела.

Се работи за Б.А. (26), С.Д. (44), Р.П. (45) и Ј.И. (38), сите од Скопје.

Од МВР информираат дека  дека против Е.Л. (32) и С.Љ. (44) двајцата од Скопје, поднесени се две кривични пријави за сторено кривично дело „фалсификување пари“, поради тоа што во бензинска пумпа и во супер маркет, како вистинити употребиле две фалсификувани банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари.

Во посочениот период поднесена е кривична пријава и против С.Џ. (47) од Скопје за извршени две кривични дела „употреба на исправа со невистината содржина“ и „злоупотреба на лични податоци“ предвидени казниво по Кривичниот законик на РМ. Пријавената во својство на адвокат без знаење на оштетеното лице изработила полномошно наводно дадено и потпишано од оштетената при што до осигурителна компанија „Кроација осигурување„ поднела барање за надомест на штета, со што ги сторила наведените кривични дела.

Две од пријавите се и за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ против лицата В.К. (48) од Струмица и Д.М. (29) од Скопје. В.К., како осигуреник при Фондот за здравствено осигурување на РМ, со намера да се стекне со паричен надоместок за спреченост на работа, на издаден Извештај од специјалист од Универзитетска клиника своерачно допишала дека боледувањето продолжува и ваквиот документ го доставила на лекарска комисија, додека Д.М. како судски референт во Основен суд Скопје 2 направил лажна Потврда од Синдикална организација при Основен суд Скопје 2, истата ја заверил со печат кој му бил доверен во работењето и ја употребил како вистинска.

15.01.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега