Чудо од дете: На само 14 години води фирма

 

Даниел Сингер е 14-годишно  дете кое веќе управува со фирма во која еден бразилски фонд вложил 200.000 долари. Тој е заслужен за два патенти, одговорен за пет вработени, а неговата страница на Youtell има три милиони посетители.

Даниел е еден од најбогатите тинејџери кои своето богатство го стекнал исклучиво со својот труд.

Тој во 2012 година ја создал својата страница Youtell,а во тоа му помогнал пријател и партнер на неговиот татко, кој бил филмски режисер.  Youtell доживеал голем успех и станал популарен помеѓу Фејсбук корисниците.

YouTell денес има 3,1 милион корисници, а тој број се повеќе расте. Тоа го препозна и бразилскиот фонд  ArpexCapital кој во фирмата вложи 200.000 долари.

 

Со тие пари Даниел во декември ја развил апликацијата Backdoor за испраќање на анонимни пораки преку паметните телефони на Apple.

15.01.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега