Волкер: Грција сака да промени се во врска со Македонија - тоа е пуста желба која нема да се оствари

Портпаролот на грчкото МНР Константинос Кутрас за Си-Ен-Ен по интервјуто на премиерот Никола Груевски, изјавува дека цела една генерација во Македонија е отруено со горчливи чувства против Грција, која е брендирана како виновник за сите зла со кои нивната земја се соочува.

Како што јавува МИА, Кутрас вели дека голем број претходници на Самарас се сретнале со македонскиот премиер, но тоа биле само „можности за фотографирање и фасада“, со што потврди дека Грција не сака да започне директен дијалог.

Во исто време и Курт Волкер, поранешниот американски постојан претставник во НАТО, за Си-Ен-Ен изјавил дека е можна промена на името, но целосно отстранување на терминот „Македонија“ не е предмет на дискусија.

- Сметам дека Македонците дотуркаа далеку и мислам дека тие се подготвени да направат договор за модифицирано име на земјата со цел тоа да биде признаено во меѓународните организации, рекол Волкер според кој Грците сакаат да променат се вклучително и Македонците да го сменат нивниот Устав, но според него тоа е пста желба која никогаш нема да се оствари.

 

15.01.2014 - 11:35
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега