Tатко од пеколот: Ја убедувал својата ќерка дека е подобро со него да ја изгуби невиноста

 

21- годишната девојка Гема кога била малечка никогаш не ја сфаќала тежината на зборовите на својот татко Марк Шемби.

Кога таа имала 12 години тој и рекол дека не сака да ја користи некое непознато момче во темнината на некој хотел, таткото всушност  ја силувал својата ќерка. 

Нејзините родители биле разведени, а кога престојувала кај татко си, тој сексуално ја злоставувал. Гема се сеќава дека тоа траело повеќе од година дена.

Но сега таа е вклучена во кампањата  PANTS, која се занимава со злоставување на деца.

„Не знаев дека тоа е нешто лошо. Секогаш беше прилично манипулативен кон мене. Мојата мајка никогаш не зборуваше со мене за тие нешта, кое допирање е прифатливо а кое не. Ми беа потребни речиси две години за да сфатам дека татко ми ме искористува. Не знаев како да зборувам за тоа, особено со мајка ми“ – вели Гема.

Тоа е многу едноставен, прифатлив пристап кој им објаснува на децата, но првенствено и на родителите, што се’ смее, а што не смее кога станува збор за интимата на човечкото тело.

„Ако на време знаев дека не е во ред татко ми да ме допира, јас ќе знаев како да реагирам. На училиште имав сексуално воспитување, но се’ се сведува на безбеден секс. А не на тоа кој дел кој го покрива долната облека никој не смее да го допира против ваша волја“ – раскажала Гема. 

 

15.01.2014 - 11:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега