Ричард Ховит: Ќе има “македонски” во Резолуцијата на ЕП

 

Ричард Ховит, во изјава за МИА потврди дека се наоѓа под голем притисок за отстранување на придавката “македонски” од Резолуцијата за земјата, но потврди дека ќе се избори таа, сепак, да се најде во документот.

- Оригиналната предлог-резолуција имаше многу строго ограничување на зборовите и сосема е нормално за известувач од Европскиот парламент да додаде повеќе детали во амандманската фаза, вели Ховит, јавува дописникот на МИА од Брисел.

На прашањето за неговата интервенција во параграф 14 и бришење на “македонски јазик”, што е единствената придавка “македонски” во предлог-Резолуцијата, а самиот постојано потенцира дека по негова интервенција оваа придавка се врати во извештаите на Европската комисија и во Резолуцијата на Европарламентот, Ховит со одговор кој имплицира дека интервенцијата за бришење на “македонскит јазик” била од Македонија, а не од Грција.

- Мојот предлог, како и минатата година, е дека зборот “македонски” ќе се најде во мојот конечен текст на Резолуцијата. Сетете се дека мојата препорака доведе до тоа Европската комисија, исто така, да ја користи придавката во нивните прогрес-извештаи. Се разбира, точното место каде во Резолуцијата ќе се најде придавката ќе зависи од конечното гласање на ЕП, а промената сега што ја барам ја одразува само мојата желба да ги почитувам предлозите до мене од сите етнички групи во земјата. Мојата посветеност на ова прашање останува непроменета, вели Ховит.

Европратеникот додава и дека има притисок врз него да не употребува “македонски јазик” како и за други прашања чуствителни за нашата земја. 

- Се разбира, секогаш постои притисок врз мене како известувач за сите чувствителни прашања кои влијаат на земја. Но, јас ја прифаќам одговорноста за моето мислење и на крајот ќе дадам сопствен независен суд, дециден е Ховит.

 Британецот потврдува дека придавката “македонски”, сепак, ќе се најде и во последната Резолуција што Европскиот парламент ќе ја изгласа во сегашнито состав.

15.01.2014 - 11:03
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега