Алабански премиер ќе ја посети Србија по цели 68 години

Во рамки на турнејата по земјите од регионот, новиот премиер на Албанија, Еди Рама, најверојатно во февруари ќе го посети Белград.

„ Датумот за посетата се уште не е прецизиран бидејќи во последните недели Белград беше зафатен со други важни прашања, како што се преговорите со Приштина и почетокот на преговорите со ЕУ“, изјави српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ.

Ова ќе биде и прва посета на еден албански премиер на Србија уште од 1946 година, кога Енвер Хоџа го посети Белград.                                                    

 

Мркиќ соопшти дека на дневниот ред на разговорите ќе биде, пред се, билатералната соработка, затоа што „двете држави имаат интерес да соработуваат во областите на земјоделието, туризмот, транспортните врски, образованието“.

 

Мркиќ ќе го постави и прашањето за српското малцинство во Албанија, кое, според него, „уште не е признато како што треба“.

15.01.2014 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа