Мерцедесот му го претвориле во пепел - тетовчанец остана без автомобил

Тетовчанец остана без својот луксузен автомобил марка Мерцедес. Според податоците инцидентот се случил вчера околу 1 часот и 30 минути на улицата Иво Лола Рибар каде непознат стротел најпрво ги искршил стаклата на автомобилот, го полеал со запалива течност, па на крајот го запалил.

Пожарот го изгаснал синот на тетовчанецот.

Полицијата работи на откривање на сторителите.

15.01.2014 - 10:46
Фото: 
засе.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа