Казна бидејќи снимил топлес фотографии во Емпајер стејт билдинг

 

Властите во Њујорк го тужеа модниот фотограф Ален Хенсон, бидејќи снимал фотографии на модели во топлес на панорамскиот покрив на Емпајер стејт билдинг. Фотографиите за кои би можел да плати казна од 1,1 милиони долари, Хенсон ги снимил во август.

Според тужбата, Хенсон не побарал дозвола ниту ги известил задолжените за Емпајер стејт билдинг дека планира да сними фотографии на девојки во топлес во таа зграда.

Претставниците на службата задолжени за зградата велат дека оваа постапка е непримерна и невкусна, затоа што панорамскиот дел на Емпајер стејт билдинг  претставува туристичка атракција која ја посетуваат семејства.

Хенсон одговорил дека погледот од покривот на зградата е толку величенствен, што мислел дека посетителите нема ни да забележат девојки во топлес.

15.01.2014 - 10:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега