Нова фабрика ќе никне во Бунарџик - можност за 150 вработувања

Италијанската компанија Витек дел од групацијата Текнохозе која минатата година отвори фабрика во економската зона Бунарџик, за оваа година планира изградба на нова фабрика. Како што јавува Економски.мк, се работи за фабрика четири пати поголема од сегашната, која ќе овозможи нови 150 вработувања. За ова во интервју за Еконимски информира Јован Поповиќ менаџер за производство во фабриката.

Според Поповиќ, Македонија бил нивниот избор бидејќи има добри услови за инвестирање и квалитетна работна сила. За само три месеци работење во текот на минатата година, тој вели дека успешно ја завршиле годината.

- Па просечно по 400 500 илјади евра фактурирана вредност, клиентите се веќе постоечки, нема нови клиенти па сега да се пробиваме на пазарот. Но континуирано се зголемува производството, кога ќе исполни капацитетот со сите машини ќе мораме да се шириме, вели тој за Економски.

Околу новата фабрика вели дека градежните активности се во тек и дека ќе се пушти во употреба околу октомври . Ќе биде четири пати поголема и ќе се вработат 150 луѓе, со што ќе се зголеми производството.

15.01.2014 - 09:35
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега