Папата за добротворни цели ги продава својата кожна јакна и чопер „Харли Дејвидсон“

 

Поглаварот на Римокатоличката црква Папата Франциско, минатиот јуни од легендарната американска компанија по повод 110-годишнината од постоењето, на прослава во Рим доби чоперо „Харли Дејвидсон“с о своето име „Francesco“ напишано на резервоарот.

Тој сега одлучи да го продаде моторот на аукција и целиот приход да го подари во добротворни цели.

 

„Чоперот“ на папата, на аукцијата во Париз на 6 февруари, би можел да достигне цена од 12.000 до 15.000 евра. На истата аукција ќе се најде и кожна јакна со потписот на папата.

14.01.2014 - 20:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега