Холандија ќе бара пари и за престој во затворите
Како дел од мерките за штедење властите во Холандија го разгледуваат предлог законот за наплатување наемнина на затворениците за време на нивниот престој во затвор.
Така, затворениците за престојот во затвор ќе треба да плаќаат по 16 евра од ден, најмногу во период од две години.
Министерството за правда наведува дека е праведно трошоците за престојот на криминалците во затвор да не го сноси само државата и општеството, додавајќи дека еден ден во затвор државата ја чини околу 250 евра од затвореник. Друг предлог закон, предвидува затворениците да плаќаат надомест за истрагата и судската постапка.
Холандија минатата година најави затворање на 19 затвори поради намалување на буџетските трошоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа