Тетинот на Ким Јонг Ун бил егзекутиран затоа што се огрешил на моралните норми

Поранешниот готвач во семејството  на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун,тврди дека неговиот тетин  бил егзекутиран бидејќи се огрешил на моралните норми на кои инсистира актуелниот севернокорејски лидер.

Кенџи Фуџимото кој важи за експерт за правење суши, тврди дека Сонг Таек имал една тајна функција, што му била доделена уште од времето кога на власт беше Ким Јонг Ил,татко на сегашниот лидер.

Задачата на Сонг Таек била да обезедува млади жени за сега покојниот лидер Јонг Ил за пеење, танцување и за „ноќни задоволства“ иако некои од нив имале и по 15 години.

Тетинот на младиот лидер кој беше и негов човек од доверба, како воспитувач и заштитник, освен што бил задолжен да ги пронаоѓа млади жени, почнал на своја рака, самиот да проверува колку девојките се „талентирани“ на тој начин што некои од нив морале да поминат ноќ со него.

Ким Јонг Ун не го одобрувал таквото однесување на татко му, особено што знаел дека и неговиот дедо, Ким ил Сунг имал слабост кон жените. Кога сегашниот лидер разбрал што прави неговиот тетин, веднаш наредил да се уапси и да се ликвидира.

Западни експери за состојбите во Северна Кореја, сепак, не веруваат во верзијата што ја раскажува Фуџимото чија сопруга и ќерка и сега живеат во Пјонгјанг, а тој многу често се јавува како толкувач на севернокрејските прилики.

 

14.01.2014 - 18:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега