Која е новата водителка на X-Factor?!

По многуте критики кон водителот Славко Калезиќ  на првото шоу во живо на X-Factor, српските медиуми пишуваа дека тој ќе биде остранет од екипата.  Неделава се слушнаа неколку имиња како можни водители на шоуто, додека тој негираше дека ќе престане да го води Х-Фактор.

Најновото име за кое медиумите во Србија со сигурност пишуваат е водителката Ана Михајловски Грубин. Тврдењата се загреаа откако Ана на нејзиниот профил на Инстаграм напишала: „Дали сте подготвени за вечерва? Јас сум“.

Засега не се знае што ќе се случи со Славко, некои шпекулираат дека ќе остане во бекстејџот,а други дека ќе замине.

 

Останува вечерва да ја откриеме вистината..

14.01.2014 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега