Заев и Шеќеринска го даваат својот имот како гаранција за слободата на Шиповиќ

Зоран Заев и Радмила Шекеринска како гаранција го дават својот имот  за претседателот на Советот на Општина Центар Мирослав Шиповиќ да  остане достапен за правосудните органи во текот на целата судска постапка и бараат тој да се пушти од притвор и да се брани од слобода. Тие документите му ги доставиле на неговиот бранител кој заедно со  документите за хипотека на личниот имот на Шиповиќ ќе ги достави до судските органи.

-Токму поради документите кои недвосмислено гарантираат дека Шиповиќ ќе биде достапен до сите правосудни органи во текот на целата постапка, очекуваме и го повикуваме Основниот суд Скопје 1 да го почитува правилото на пресумпција на невиност, да ги почитува заклетвите дадени при преземање на функциите и да го почитува Уставот и македонските закони и да овозможи господинот Шиповиќ да се брани од слобода... Единствена цел и единственото барање е Шиповиќ да може да се брани од слобода, а притоа да се овозможи Општина Центар да функционира онака како што гласаа граѓаните од оваа општина,  изјави  Шекеринска. 

 

Таа додаде дека вкупната вредност на нивниот имот е околу 300.000 евра.

14.01.2014 - 17:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега