БиХ: Под истрага 1.970 компании поради затајување данок
Под истрага се 1.970 компании кои должат 296 милиони конвертибилни марки (151 милиони евра) даноци соопшти обвинителството на БиХ.
Во соопштението на Обвинителството стои дека одреден тим на иследници ќе започнат проверка на компаниите по списокот на должници, кој беше објавен неодамна од страна на даночните власти.
Обвинителството додава дека неплатениот данок ја оштетува економијата и државните финансии.
Економијата на БиХ се соочува со тешкотии, најмногу поради политичката нестабилност. Невработеноста во земјата е над 40 проценти, а бројот на пензионери е речиси еднаков на бројот на вработени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа