Ќе биде ли Даниел Кајмакоски повторно фаворит? - вечерва елиминации во "Икс Фактор"

Вечерва повторно ќе се случи она кое го очекуваме со нетрпение, елиминации во музичкото шоу Икс Фактор, каде до финалето дојдоа нашите натпреварувачи Даниел Кајмакоски и Фифи.

Во текот на изминатата недела кандидатите напорно работеа со своите ментори за нивниот нов настап, во кој ќе треба да се покажат во што е можно подобро светло.

За потсетување, на минатите елиминации излезе  Младен Лукиќ кој важеше за голем фаворит, што уште еднаш потврдува дека шоуто ќе биде неизвесно до самиот крај. Вечерва ќе се претстават Кики, Илма, нашиот Даниел, Алекса Перовиќ, Харис Чато и Лукијан Ивановиќ, Новаковиќ, бендовите на Кристина, Александра Брковиќ.

Па, останува вечерва да видиме дали нашиот неверојатно талентиран и скромен Даниел Кајмакоски ќе биде повторно фаворит на публиката. 

14.01.2014 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа