Уапсен Лирим Јакупи - Нацист

Лирим Јакупи Нацист е уапсен во Косово, јавува албанската агенција ИНА. Според информациите, Нацист е уапсен пред влезот на затворот Дубрава од инспектори на ЕУЛЕКС. Роднините и пријателите кои го чекаа пред затворот каде ја одлежуваше затворската казна и од каде денеска требаше да биде ослободен, останаа со празни раце, бидејќи, наместо на слобода, Нацист повторно доби лисици на рацете и тоа по барање на македонската полиција. Јакупи е на списокот на бегалци по кои трага македонската полиција со меѓународна потерница. Се бара за повеќе кривични дела извршени во скопско Кондово во 2004 година но и за акцијата Бродец во 2007 година. 
За апсењето е известена и македонската полиција. По комплетирањето на документацијата тој треба да и биде испорачан на земјава.

14.01.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега