Детската облека од голем број познати светски брендови е отровна?!
Траги од токсични хемикалии штетни по здравјето се пронајдени во детска облека која ја произведуваат десетина светски познати компании, јавува Гринпис. Според информациите, барем едно парче облека од тие брендови е токсично и штетно по човековото здравје. Се работи за хемикалии кои му штетат на репродуктивниот и хормоналниот систем на луѓето.
Гринпис и порано доаѓаше до вакви откритија, а во текот на 2012 година одржа "токсична" модна ревија во Пекинг.
Гринпис направил анализа на 82 отсто од производите произведени во 12 различни земји, а најголемиот дел од нив потекнуваат од Кина. Кај 50 отсто од облеката е откриена супстанцата нонифенол етоксилат, кој според Гринпис може да доведе до хормонално пореметување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа