Штипјанец спречил маскиран разбојник да ограби продавница

 

Штипјанец вчера преживеал вистински хорор кога околу 20 часот и 45 минути во продавница „Тандем маркет“ му влегол маскирано лице и започнало да му се заканува со хебла.

Се работи за 25-годишниот Б.С. кој е инаку вработен во продавницата, кој се соочил со маскираниот разбојник кој не успеал во намерата да ги земе парите со себе.

По преземени мерки во СВР Штип го повика 29-годишниот Д.П. поради сомнение дека е можен сторител на кривичното дело.

14.01.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега