ФОТО: "Прв пат вечерам сам откако ми почина саканата" - трогателна приказна која стана Интернет хит

Млад брачен пар кој бил на вечера во ресторан останал без зборови откако еден постар господин кој седел до нив им ја платил сметката. Ли Баланине пред една недела останал без својата сопруга која починала по долга борба со ракот и за прв пат по нејзината смрт отишол сам во ресторанот каде секогаш вечерале заедно и поминувале незаборавни мигови.

- “Вие не ме познавате , но мојата прекрасна сопруга со која бев 43 години почина минатата недела. Вечерва јадев за прв пат сам. Вие ме потсетивте на убавите мигови со неа пред многу години. Ве молам дозволете ми да ве почастам вечера. Ова ќе стави насмевка на лицето на мојата Керол, а мене ќе ме напраи среќен … барем сега за сега “, напишал Ли и ја платил сметката.

Парот бил изненаден, а оваа приказна со брзина на светлината се прошири на Интернет.

- ” Мојата мајка почина на 30 декември. Тато минатата ноќ ( вторник ) отиде на вечера, прв пат сам, и утрото тој ми кажа што направил . Приказната е вистинска. Ова е ракопис на татко ми, вели синот на човекот.

14.01.2014 - 12:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега