Џулија Робертс:"Вистински живот живеам во последните 16 години"

 

Холивудската актерка Џулија Робертс изјави дека за неа „животот започнал дури во 30те години старост и дека тогаш се ослободила од турбуленциите од нејзините 20-ти.

Четириесет годишната актерка вели дека таа вистинскиот живот го живее во последните 16 години.

"Во моите 30-ти години секоја личност која ја сакам и обожувам беше покрај мене. Бев многу возбудена и ни најмалку не жалам за за моите дваесет години. Да знаев дека ќе ми биде забавно на 30, би го работела се тоа веќе на 22 години", вели Робертс актерката.

Таа исто така изјави дека стареењето не ја загрижува и дека не и е најважна кариерата, туку децата – деветгодишните близнаци Хејзел и Финеус и шестгодишниот Хенри

"Среќата добива поинакво значење како што стануваме постари, попаметни, шириме круг на пријатели и ги продлабочуваме врските. Најмалку ме загрижуваат годините. Се трудам на работа и се трудам да бидам добра мајка, не ги бројам годините. Сите старееме и тоа е во ред", додава актерката.

 

14.01.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега