Бугарин осуден за силување се обесил во затвор

Дваесет и осумгодишен Бугарин денеска е пронајден обесен во централниот затвор во кипарскиот главен град, Никозија.

Мажот бил осуден на 12 години затвор за силување. Тој е откриен во својата ќелија во 02:30 часа по полноќ.

Според началникот на затворот, осуденикот вчера имал консултација со психијатар, и како што вели најверојатно се работи за самоубиство.

14.01.2014 - 11:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега