Шест пожарни гасеа запалена скара во Рамстор

Во еден од рестораните во ТЦ „Рамстор“ во Скопје претпладнево избувна пожар во оџакот од скарата. Пожарот веднаш е изгаснат и нема никаква материјална штета.

Како што информира командантот на Противпожарната бригада – Скопје Благоја Менковски, пожарникраите веднаш интервенирале со шест противпожарни возила, а се вклучил и системот за брзо гаснење пожари со кој располага трговскиот центар. 

Тој посочи дека причина за пожарот се насобраните маснотии и саѓи во оџакот кои се запалиле под дејство на високата температура.

14.01.2014 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега