Доналд Трамп ќе гради хотел на местото на Генералштабот на Србија

 

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ е во приговори со представници на организацијата „Трамп“ на американскиот бизнисмен Доналд Трамп за изградба на екслузивен хотел во главниот град на Србија, Белград.

Трамп сака да гради ексклузивен хотел со пет ѕвезди во кој што би имало и конгресни сали но и простор за саемски манифестации.

Како што јавуваат српските медиуми претставниците на организацијата денеска и утре ќе разгледуваат неколку локации а најмногу биле заинтересирани за просторот на бомбардираната зграда на Генералштабот на Србија. 

Владата ја поддржува секоја иницијатива и вложување во развојот на стопанствотоизјави Дачиќ.

Идејата за изградба на хотел во Белград се родила во Њујорк за време на средбата на Дачиќ со Трамп во ноември минатата година. 

14.01.2014 - 11:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега