Жбогар: Што поскоро да се најде решение за Косовска Митровица

Специјалниот претставник на ЕУ во Косово Самуел Жбогар оцени дека е потребно што поскоро да се надмине новонастаната состојба околку градоначалникот на северниот дел на Митровица.

Неопходно е да се најде решение за новонастанатата состојба што поскоро, со цел да почнат да се решаваат наталожените општински проблеми во интерес на граѓаните на Косовска Митровица, изајви Жбогар во Косовска Митровица по средбата со лидерот на локалната Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ.

Спорот во северниот дел на Косовска Митровица настана откако во саботата новоизбраниот градоначалник Крстимир Пантиќ одби да ја потпише свечената изјава за стапување на должноста, затоа што на документот стоеја косовскиот грб и пишуваше „Република Косово“. 

14.01.2014 - 11:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега