Ходниците празни - општина Центар остана без службеници
Нови 14службеници во општина Центар од денеска остануваат без работа откако им истекува договорот за вработување на определено време, а агенцијата која ги ангажирала останала без лиценца. Како што јавува Плусинфо, станува збор за кадар вработен од актуелниот градоначлник Жерновски, но и неговиот претходник Тодоровиќ.
Од општината за порталто велат дека ходниците во општината се празни и дека нема која да ја работи секојдневната работа, поради што се трупаат предмети, особено во секторите за урбанизам и просторно планирање, бидејќи меѓу оние кои го загубија работното место е и раководителот.
Претходно, уште 35 лица останаа без договор за работа откако агенцијата која ги вработила ги известила дека останала без лиценца и дека не може да им ги продолжи договорите.
Плусинфо пишува дека во моментов е распишан тендер за избор на нова агенција за привремено вработување но поради жалба на одлуката на комисијата за спроведување на набавката, работите се одолговлекуваат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа