Едногодишно бебенце падна во кома поради грешка на докторите

Шестнаесетмесечно бебенце од Србија се наоѓа во кома откако на осми јануари проголтала зрно грав и почнала да се задушува, а во возилото на Итната медицинска помош со кое ја пренеле во болница немало доволно кислород, поради што дошло до компликации и детенцето паднало во кома.

Како што пренесуваат српските медиуми, кожата на малото девојче започнала да потемнува, а почнала и да и излегува пена од устата. Без кислород била 15 минути на пат од само 20 километри. 

Таткото на малата Николина Тадиќ раскажува дека таа голтнала едно зрно грав кое случајно паднало на подот и почнала да се гуши, но не добила доволно добра грижа во болницата. Немало доволно здравствени работници и возилото не било доволно опремено.На половина пат до болница детето целосно останало без воздух.

За жал, таткото додава и дека мозокот на неговата мала ќеркичка речиси целосно откажал и дека докторите не даваат никаква надеж дека состојбата ќе се подобри. 

- Многу ни е тешко. Кога само ќе помислам дека до пред некој ден си играше весела на подот....вели таткото низ солзи за српскиот Курир.

Тој додава: Одгледавме здраво дете, а сега поради докторите е полумртва.

14.01.2014 - 09:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега