Путин при крај со трпението кон критиките од страна на ЕУ

“Што се однесува до трпението на Путин не советувам никого да си игра со него”,  изјави рускиот амбасадор во ЕУ, Владимир Чижов. 

Тој го даде овој коментар како одговор на прашањето до каде е трпението на претседателот кон критиките од страна на ЕУ пред Зимските олимписки игри во Сочи следниот месец. 

На 27 и 28 јануари во Брисел ќе се одржи самит ЕУ-Русија, кој се очекува да мине во сенка на тензиите околу Украина.

ЕУ и Русија изминатите месеци влегоа во серија спорови, од Сирија, енергетиката, трговијата, па до Украина.

14.01.2014 - 09:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега