Маглата ги затвори вратите на скопскиот аеродром "Александар Велики"
Маглата која и денеска царува во Скопје го затвори аеродромот "Александар Велики". Сите планирани слетувања и полетувања на аеродромот во Скопје утрово се откажани или се пренасочени на аеродромите во Приштина, Софија и во Белград.
КОга станува збор за патничкиот сообраќај, намалена видливост од 20 до 100 метри има на патните правци Куманово-Крива Паланка, Куманово-Свети Николе, Куманово-Скопје, Тетово-Скопје, Тетово-Гостивар, Тетово-Јажинце, Тетово-Попова Шапка, Штип-Радовиш, Штип-Неготино, Штип-Велес, Скопје-Велес, Велес-Неготино, Кочани-Виница, Кочани-Штип, Прилеп-Градско, како и во Струмица, Ресен, Кичево и Македонски Брод, поради што треба да бидете особено внимателни.
Засега без застој се одвива железничкиот сообраќај.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа