Дачиќ: Мораме да најдеме компромис со Приштина

“ На 28 јануари  ќе продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина во Брисел”, изјави денеска премиерот на Србија, Ивица Дачиќ, тој додаде дека за ваквата одлука се договорил со високата претставничка на Европската унија, Кетрин Ештон.

Според Дачиќ продолжувањето на дијалогот е „клучен“ момент за примена на Договорот од Брисел, што тој и косовскиот премиер Хашим Тачи го постигнаа во април минатата година.

Дачиќ посочи дека мора да се најде решение за формирање на Заедници на српските општини во Косово, што е предвидено со Договорот од Брисел.

13.01.2014 - 16:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега