Словенија: Вишокот храна од супермаркетите ќе оди кај сиромашните

Три трговски ланци на супермаркети во Словенија ја прифатија иницијативата храната која поради строгите санитарни прописи би завршила во контејнер за отпадоци, но се уште е употреблива за исхрана, да ја наменат за бездомниците и сиромашните семејства, јави Танјуг.

Станува збор за храна на која тој ден и истекува рокот на употреба – леб, печено месо, салати, овошје и зеленчук, сендвичи, млеко и млечни производи, а се доставува на местата за бездомници, сигурни куќи и други хуманитарни установи, како и на сиромашните семејства со повеќе деца.

На Иницијативата на „Лајонс клубот“ од Цеље и се приклучија трговските ланци „Меркатор“, „Туш“ и „Спар“, кои ќе ја даваат храната на активисти, кои потоа ќе ја делат на оние кои не можат да ја купат во Цеље, Марибор и Трбовље.

Програмата „Вишоци храна“ наскоро ќе се прошири низ целата територија на Словенија.

13.01.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега