ФОТО: Ова е специјалната таксена марка која ви треба за да испратите фискални

 

Во Mакедонски пошти денеска беше промовирана таксена маркичка која чини само 8 денари и со која граѓаните ќе имаат можност поевтино и полесно да ги испраќаат своите пликоа со фискални сметки. 

 

На таксената маркичка е испечатено логото на наградната игра. Таа треба да се залепи на пликото со фискалните сметки и да биде испратено на адреса на Државна лотарија на Македонија.

Вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески денеска истакна дека и за второто извлекување постои голема заинтересираност кај граѓаните.

-Граѓаните може да ги испраќаат своите пликоа до 26 јануари на полноќ, а извлекувањето е на 27 јануари. Во игра се сите фискални сметки испратени од почетокот на наградната игра, односно од 15 ноември, рече Ставрески.

На второто извлекување за „Фискална во рака, награди без мака“, ќе бидат доделувани вредносни ваучери, но и нов автомобил.

Ставрески откри дека се преговара со супермаркети ширум Македонија, да бидат поставени сандачиња во кои граѓаните ќе можат да ги оставаат пликоата. 

 

13.01.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа