Откриени убијците на српскиот новинар Славко Чурувија

Белградскиот весник Блиц денеска објави дека поранешниот директор на Државна безбедност Раде Марковиќ, Милан Радоњиќ, Ратко Ромиќ и Мирослав Курак ќе бидат обвинети за убиство на српскиот новинар Славко Чурувија.

Според весникот, обвинението за криминален акт извршен на 11 април 1999 година е веќе напишано и во следните денови и ќе биде обелоденето.

Шеесет и осум годишниот Радомир Марковиќ  тогашен шеф на Државна безбедност се товари за наредба на убиството  на сопственикот на Дневен телеграф, додека пак Милан Радоњиќ како тогашен началник на белградскиот оддел на ДБ се товари за организирање на убиството.

Обвинителството утврдило дека Ромиќ во тоа време оперативец во Второто одделение на Белградскиот центар на ДБ, бил соучесник во убиството. Како извршител на убиството на познатиот српски новинар, обвинителот го означил Курак, припадник на посебната служба за обезбедување во ДБ.

Курак се уште не е достапен за полицијата, но по него е распишана потерница од Интерпол и побарана странски правна помош за да биде што е можно побрзо уапсен.

13.01.2014 - 14:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега