Титаник вреден 165 милиони долари ќе "никне" во Кина

Титаник во природна големина ќе биде дел од тематскиот парк на кинеска територија, а во овој отворен музеј ќе има поставено и симулатор како би можеле посетителите да ја почувствуваат атмосферата во текот на потонувањето на бродот во 1912 годинa.

„Мислиме дека е вредно да се шири духот на „Титаник“. Универзалната љубов и чувство за одговорност покажана во моментот на потонувањето е духовно богатство за човековата цивилизација“, изјавил претставникот од корпорацијата кој ќе го финансира овој проект.

Овој проект е вреден  165  милиони долари треба да биде отворена 2016 година во паркот во провинцијата Сечуан.

13.01.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега