Над 24 ранети при експлозија во универзитет на Филипините

Околу 24 лица се ранети од кои многумина се во критична состојба, откако во универзитетски капмус на Филипините експлодирала бомба.

Инцидентот се случил во зградата во која е сместено обезбедувањето на државниот колеџ за наука и технологија во градот Аракан, на јужниот филипински остров Минданао.

Мотивите за нападот се уште не се познати и полицијата интензивно работи на расветлување на случајот.

13.01.2014 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега