Земјотрес од 6,5 степени го погоди Порторико

Американскиот институт за геофизика соопшти дека земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран крај брегот на Порторико.

Земјотресот се случил на 27 километри под морското дно, со епицентар 56 километри северно од градот Атијо.

Засега нема информации за жртви или разурнувања.

Центарот за предупредување од цунами соопшти дека е можно земјотресот да предизвика појава на поголеми бранови во радиус до сто километри од неговиот епицентар.

13.01.2014 - 11:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега