Пожар го проголта хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип

Изгоре дел од хотелот „Црешово топче“ што се наоѓа во центарот на Пробиштип. Во пожарот нема повредени.

Пожарот избувнал утрово околу 2 часот. Огнената стихија почнала да се шири од кујната и зафатила дел од спратот и кровната конструкција на хотелот.

Во гаснењето на пожарот, освен пожарникарите од Пробиштип, учествува и штипската противпожарна единица.

Пожарникарите се уште се во хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип каде го догаснуваат пожарот.

Повеќе детали се очекуваат попладнево.

 

13.01.2014 - 10:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега