Станови за социјалците и младите брачни парови од Велес
Во Велес оваа година ќе почне изградбата на две станбени згради за приматели на социјална помош, млади брачни двојки и за деца без родители.
Двете згради треба да никнат во горниот дел на касарната „Алексо Демниевски - Бауман",информира директорот на подрачната единица на Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски. Според него, велешката подружница веќе побарала од претпријатието за станбен и деловен простор изградба на двете згради.
Стефановски очекува оваа година да се реализира и распределбата на двата државни стана наменети за деца без родители со кои располага подружницата. За нив ќе решава надлежна комисија на државно ниво.
Изградбата на двете згради треба да започне во средината, а становите да бидат готови до крајот на оваа или во првата половина на 2015 година. Становите ќеги добијат приматели на социјална помош, деца без родители и млади брачни двојки.
Стефановски вели се поголем број граѓани со ниски примања, кои користат државни станови, пројавија интерес за нивен откуп.
-Им одговоривме дека иако нивните договори се истечени, се уште чекаме насоки од надлежното Министерство за транспорт и врски и дека во најскоро време ќе биде решено дали ќе ги откупуваат или пак ќе бидат продолжени договорите за закупот како и досега, вели Стефановски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа